Вешалица со сос од печурки и корнишони
1. Вешалиците ги тапкам со дрвено чукче
2. Ги зачинувам и ги пржам
ПОДГОТОВКА НА СОСОТ
1. Печурките ги сечкам на листови и ги пржам на малку масло
2. Откако ќе омекнат во нив ги додавам ситно сечканите корнишони и продолжувам со пржење
3. На крајот додевам сенф, сол, мешан зачин
4.Ја додавам неутралната павлака и продолжувам со пропржување
5. На крајот додавам зачин со вкус на печурки и го тргам сосот од огин
ПОДГОТОВКА НА ПРИЛОГОТ ОД ЗЕЛЕНЧУК
1. Морковот ситно го сечкам на коцкички и го варам во солена вода заедно со грашокот околу 15 мин
2. Откако ќе се свари, го седам од водата
3. На 2-3 лажици од маслото во кое се пржеа вешалиците го запржувам грашокот и морковот и додавам половина лажиче мешан зачин
Сервирав во чинија додавајќи и помфрит...Пријатен апетит !
Лиценца: Сите права се задржани