Колачи со пудинг
Овие колачи се многу брзи, а вкусот ви е по избор спрема аромата од прашокот за пудинг.
Од сите состојки измесете компактно тесто и оставете го половина час во фрижидер.
Јас направив едни со пудинг од карамела, едни со пудинг од јагода, на кој додадов и малку јагода екстракт и едни со пудинг од чоколадо, на кои додадов уште и 1 лажица какао и малку арома екстракт од портокал. Искрено, нам последниве ни беа фаворитни, но секој спрема вкусот.
Од тестото се прават мали топчиња кои се сплескуваат со помош а виљушка и со тоа добиваат шарка. Се редат во плех на поголема далечина, бидејќи нараснуваат и се печат на 180 степени 5-10 мин. Се внимава да не ја променат бојата. Не чекајте да бидат така тврди кога ќе ги вадите од рерна, се стврднуваат со тек на ладење и стоење.
Лиценца: Сите права се задржани
Лили дека од кафето само, ќе и дадеме да мирисни хехехе, и така не јади многу таа ;)
Дани, па уште ако им ги направиш разнобојни на дечињата и со омилениот вкус, супер за роденденската забава :)
со пудинг од чоколадо и пудинг од шумско овошје. шмекаво, нема што ;)
уште да научев како се стиска со вилушка и да не беа така грди сиротките :) :) :) :)
ама ај, кога ќе пораснам ќе бидат поубави:) :) :) :)