Индијанки со фил од пудинг
Започнуваме со подготовка на смесата за тестото. Ги биеме со миксер јајцата и шеќерот, а потоа го додаваме брашното и прашокот за пециво. Смесата ја ставаме во готварски шприц и правиме форми во плех обложен со хартија за печење. Печеме во загреана рерна на 200 степени, околу 5 минути.
Во меѓувреме ги подготвуваме двата пудинзи одделно и додека се топли додаваме по 100 гр маргарин, мешаме додека се растопи и ги оставаме да оладат пудинзите. Откако ќе оладат, ги биеме со миксер, па ги филофаме индијанките и ги лепиме, а од горе ги декорираме по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
вери најс буби, вери најс :)