8 белки се матат во цврст снег со150гр шеќер. 8 жолчки се матат убаво со 100гр шеќер. Двете смеси се соединуваат, па им се додава 300гр брашно и пециво и ванилата. Се добива потечна смеса која се сипе во шприц или во најобичен најлон засечен на врвот и се истискуваат индијанки кои се редат во подмачкан плех со хартија и се ставаат на поголемо растојание затоа што се шират-растат.
Се печат на т200с околу8-10 минути. Се ваѓаат и се лепат со филот.

Се вари крем од млекото, шеќерот, ванилите и нишестето.Кон оладениот крем се додава изматениот маргарин и убаво се соединува. Кремот се дели на два дела
во првиот се додава шлаг крем од ванила
во вториот шлаг крем од чоколада

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела