Испечати

Колачи со пудинг

Колачи со пудинг

Состојки

  • 125 гр маргарин
  • 2 ванилин шеќер
  • 50 гр шеќер во прав
  • 125 гр брашно
  • 40-50 гр пудинг во прав (арома по желба)

Подготовка

Овие колачи се многу брзи, а вкусот ви е по избор спрема аромата од прашокот за пудинг.
Од сите состојки измесете компактно тесто и оставете го половина час во фрижидер.
Јас направив едни со пудинг од карамела, едни со пудинг од јагода, на кој додадов и малку јагода екстракт и едни со пудинг од чоколадо, на кои додадов уште и 1 лажица какао и малку арома екстракт од портокал. Искрено, нам последниве ни беа фаворитни, но секој спрема вкусот.
Од тестото се прават мали топчиња кои се сплескуваат со помош а виљушка и со тоа добиваат шарка. Се редат во плех на поголема далечина, бидејќи нараснуваат и се печат на 180 степени 5-10 мин. Се внимава да не ја променат бојата. Не чекајте да бидат така тврди кога ќе ги вадите од рерна, се стврднуваат со тек на ладење и стоење.