1
фев
2021
Колач со суво овошје
Одличен колач, миризлив и вкусен.
1. Прво сувото овошје го сецкаме и го маринираме во рум и сок од портокоал околу два часа. Јајцата ги матиме со шеќерот и ванилата и потоа ги додаваме течните состојки. Го додаваме брашното со печивото и циметот. Убаво мешаме. Сувото овошје го цедиме и заедно со оревите го додаваме во смесата.
2. Убаво мешаме и смесата ја ставаме во долго плехче(намрсено и набрашнето). Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 50 минути(проверете со чепкалка). Печениот колач го оставаме да се олади,и го наросуваме со шеќер во прав.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови