Колач со суво овошје
Состојки
- 3 јајца
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 150 гр шеќер
- 200 мл млеко
- 150 мл масло
- 200 гр брашно
- 1 кесичка прашок за печиво
- 1 лажица цимет
- 200 гр суво овошје(смокви, сливи, брусница)маринирано во 50 мл рум и сок од половина портокал
- 150 гр толчени ореви
Подготовка
Одличен колач, миризлив и вкусен.
1. Прво сувото овошје го сецкаме и го маринираме во рум и сок од портокоал околу два часа. Јајцата ги матиме со шеќерот и ванилата и потоа ги додаваме течните состојки. Го додаваме брашното со печивото и циметот. Убаво мешаме. Сувото овошје го цедиме и заедно со оревите го додаваме во смесата.
2. Убаво мешаме и смесата ја ставаме во долго плехче(намрсено и набрашнето). Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 50 минути(проверете со чепкалка). Печениот колач го оставаме да се олади,и го наросуваме со шеќер во прав.
На здравје!