Велигденски колач со кандирано овошје
Квасецот со дел од топлото млеко и малку брашно и шеќер го оставаме да се ферментира. Сувите сосотојки ги мешаме, ги додаваме и останатите сосе квасецот и замесуваме глатко тесто со топлото млеко. Во рецептот по препорака е наведено дека е добро да се стават во смесата прво 4те шоли брашно, а после при месењето со 5та да се регулира составот (мене ми беа доволни точно 5). Тестото се остава на топло да се дигни.
За тоа време спремете го овошјето. Ситно исецкајте ги поголемите парчиња а, ако користите суво грозје(јас не користев) потопете го во топла вода и додадете рум(ако сакате).Јас како замена за разновидност на бојата додадов и неколку суви сливи, но бидејки се лепеа дека не се кандирани, се откажав за повеќе.
Дигнатото тесто се развалува во превоаголна форма, се премачкува со маргаринот, стопен или на собна темпаратура и над него се распоредува овошјето. Над сето тоа, попрскуваме со шеќерот, ванилите и циметот. Потоа, виткаме ролат. Ролатот го ставаме во намастен калап за куглоф, или некој друг погоден сад, или пак во плех, поставен во круг. Ако се одлучите за плех, надворешните делови засечете ги со нож на секои 5 см., така колачот ќе изгледа многу подекоративно. Оставете на топло околу 20 мин. повторно да се дигне.
*Краевите на колачот ги залепуваме со белка, а одозгора го премачкуваме со жолчката.
Печиме на 180 степени, околу пола саат. Доколку почне пребрзо да темнее, ставете алу-фолија и печете понатаму така.
Готовиот колач покријте го со кујнска крпа и оставете го 15-20 мин да одмори, па потоа извадете го од калапот и посипете го со шеќер во прав.
Ви посакувам среќни и весели празници!
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Тава со рачки
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Поздрав.
Воедно би сакале да ги повикаме сите наши готвачи да се обидете да направите појасни и поестетски фотографии од вашите навистина вкусни јадења, што е еден од критериумите за избор на Рецепт на денот.
МоиРецепти
А за фотографиите, барем јас колку што сум приметила, спрема другите сајтови за рецепти, овде можеби нема кај сите некој професионален агол, ама пак затоа има најчисти слики и нема да претерам ако кажам кај сите. А секако дека ќе се потрудиме сите за сликите да ни се најдобро што може :)
И бидејки испробувам денес некои рецепти од тукашните, ви испраќам еден топол, топличок поздрав :)
Честитки,честитки супер ти е рецептот!!!!:))
Jas ne sum sigurna deka razbrav, kandirano ili suvo ovosje?
ме чу!?!? :) :) :) :)
...кандирано овошје е барам јас како мислам во превод зашеќерено овошје, па бидејќи во филот овошјето е во комлет со шеќер, со печењето се кандира на некој начин ;) ....веројатно затоа има таков наслов колачот, немам појма :)
Овој рецепт со овие состојки е многу за еден куглоф ,поради големината се препекува однадвор.Јас го направив но со пола доза од состојките за тестото а за филот цела доза.
Одлично испадна, многу е убав, вкусен и убаво изгледа. За печење нема проблем. Ви приложувам слика да видите како изгледа. Добар апетит :)
Овој рецепт со овие состојки е многу за еден куглоф ,поради големината се препекува однадвор.Јас го направив но со пола доза од состојките за тестото а за филот цела доза.
Одлично испадна, многу е убав, вкусен и убаво изгледа. За печење нема проблем. Ви приложувам слика да видите како изгледа. Добар апетит :)
А за големината на тестото, тоа зависи секако и колкава е големината на калапот за куглоф кој си го користела, па веројатно бил помал и ти супер си се снашла со пола доза. Иначе како што наведов во рецептот, составот е за да се пече во тркалезна тепсија во која се поставува во круг и се засекува надворешно на секои 5 см за да добие лик на цвет. Но, бидејќи јас имам доволно голем калап за куглоф, затоа ја ставив во него :) Поздав!