Испечати

Велигденски колач со кандирано овошје

Велигденски колач со кандирано овошје

Состојки

  • тесто 1шола=200мл
  • 5 шоли брашно (тип 500)
  • 1 шола млеко
  • 3/4 шола шеќер
  • 2 јајца
  • 50 гр маргарин
  • 50 гр масло
  • 40 гр квасец (1) и прстофат сол
  • фил
  • 200 гр кандирано овошје (ананас, кајсии, брусница,суво грозје ... по желба изборот)
  • 2 ванилин шеќер
  • 1/4 шола шеќер
  • 1 лажица цимет
  • 30 гр маргарин - за премачкување на кората

Подготовка

Квасецот со дел од топлото млеко и малку брашно и шеќер го оставаме да се ферментира. Сувите сосотојки ги мешаме, ги додаваме и останатите сосе квасецот и замесуваме глатко тесто со топлото млеко. Во рецептот по препорака е наведено дека е добро да се стават во смесата прво 4те шоли брашно, а после при месењето со 5та да се регулира составот (мене ми беа доволни точно 5). Тестото се остава на топло да се дигни.
За тоа време спремете го овошјето. Ситно исецкајте ги поголемите парчиња а, ако користите суво грозје(јас не користев) потопете го во топла вода и додадете рум(ако сакате).Јас како замена за разновидност на бојата додадов и неколку суви сливи, но бидејки се лепеа дека не се кандирани, се откажав за повеќе.
Дигнатото тесто се развалува во превоаголна форма, се премачкува со маргаринот, стопен или на собна темпаратура и над него се распоредува овошјето. Над сето тоа, попрскуваме со шеќерот, ванилите и циметот. Потоа, виткаме ролат. Ролатот го ставаме во намастен калап за куглоф, или некој друг погоден сад, или пак во плех, поставен во круг. Ако се одлучите за плех, надворешните делови засечете ги со нож на секои 5 см., така колачот ќе изгледа многу подекоративно. Оставете на топло околу 20 мин. повторно да се дигне.
*Краевите на колачот ги залепуваме со белка, а одозгора го премачкуваме со жолчката.
Печиме на 180 степени, околу пола саат. Доколку почне пребрзо да темнее, ставете алу-фолија и печете понатаму така.
Готовиот колач покријте го со кујнска крпа и оставете го 15-20 мин да одмори, па потоа извадете го од калапот и посипете го со шеќер во прав.
Ви посакувам среќни и весели празници!
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Тава со рачки