Видео рецепт: Колач со овошје и снег од белки
Снегот од белки е забавен за правење… Со овој рецепт добивате фина леплива верзија која ќе ја згмечите и изметаме со овошје и крем… Во овој рецепт нема нешто што не би Ви се допаднало…
Состојки
- 115 грама шеќер во прав
- 115 грама шеќер
- белки од 4 големи јајца
- 300 милилитри крем
- Шумско овошје
Вид на оброк: Десерт
Комплексност: Средно
Лица: 4
Време на подготовка: 30-60 мин.
Подготовка
Чекор 1: За овој рецепт ни се потребни само белките, па затоа рачно раздвојте ги јајцата и оставете ги жолчките на страна. Нив можете да ги искористите за правење на холандез сос или колачиња.
Истовремено загрејте ја рерната на 110 степени.
Чекор 2: Матете ги белките со рачен миксер или маталка додека да се појават цврсти врвови... Кога ќе ја добиете оваа текстура и форма, почнете полека да го додавате обичниот шеќер, една по една лажица, постојано мешајќи со средна брзина.
Чекор 3: Кога ќе го ставите целиот обичен шеќер, почнете во смесата да го мешате шеќерот во прав. Овде потребната количина шеќер во прав ја делиме на три дела и ја мешаме со лопатка. Бидете многу внимателни и нежно мешајте ја смесата за таа да го задржи воздухот и волуменот.
Треба да добиете свилеста бела смеса …
Чекор 4: Ставете малку хартија за печење на дното од Делимано тавата за печење… Снегот од белки е многу тежок за подготовка без да се залепи дури и со Делимано садовите...
Сипете го снегот од белки… сиот свилест и бел…
Потоа ставете го во рерна да се пече 1,5 час на температура од 110 степени.
Чекор 5: Во меѓувреме, земете го кремот и изматете го со миксер или маталка...
Чекор 6: Кога снегот ќе се испече, извадете од рерна и оставете го да се олади.
По неколку минути превртете го снегот на работната површина. Не морате да бидете многу уредни бидејќи наскоро ќе го измешаме со кремот и овошјето.
Земете остар нож и исечете го снегот на коцки… Ако сакате, можете да земете сукалка и да го издробите на парчиња.
Чекор 7: Ставете го овошјето со сокот во кремот… Овде користиме шумско овошје, како што се зрнестите плодови, малините и црешите….
Потоа ставете го искршениот снег од белки и мешајте ја целата смеса додека да добие текстура која изгледа и ни остава впечаток на сладолед.
Чекор 8: Време е за сервирање: Овој колач го сервираме како поединечни порции со помош на тркалезен калап, со дополнителен сок и овошје одоколу и одозгора, но можете да го сервирате и во голем сад на средината од масата, па сите присутни сами да се послужат.
СОВЕТ: Овој десерт е толку вкусен што можеби ќе го изедете уште пред да стигнат пријателите на вечера. Можете да го ставите на средина од масата со неколку лажици и да ги оставите присутните да се борат за својот дел!
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Ростер
а вчера кога го видов пак, сигурна бев дека е нешто смрзнувачко ова, дури до сладолед ми замина фантазијата :)))
... ај да се забришам јас...
Да ве викнеме, ама тогаш нема да го направите дома и да видите колку е лесно за подготовка, па и да го споделите со најблиските :)
Мерките се такви затоа што нашиот готвач е многу прецизен. Како што вели, особено кога се работи за слатко јадење, мора да е се` точно измерено.
Ние мериме со Делимано кујнската вага и до сега не не` изневерила http://www.delimano.com.mk/kujnski_dodatoci/kujnska_vaga_alfa.html - Има можност прво да се измери тежината на садот, па да се анулира и да се мери како да нема сад :)