Колач од белки
- Измешајте го брашното,пецивото и мелените ореви.
- Матете ги белките додавајки постепено шеќерот.
- Додавајте ги постепено маслото и млекото.
- На крај со лажица ставајте од мешавината со брашното и добро избркајте да стане еднолична смеса.
- Истурете на подмачкано и со брашно посипано плекче или постелено со хартија за печење.
Ставете да печете во претходно загреана рерна на 200 степени. Кај мене околу 30 мин, но вие си знаете како печете во вашите шпорети.
- Откако е испечен овој колач дозволува да доколку сакате да го покриете со глазура, ганаш крем или едноставно да посипете само со шеќер во прав.
ЗАБЕЛЕШКА
- Овој колач е идеален за искористување на белките кои ни останале од некоја друга потготовла, а да се разликува малкучка од Комисбродот.
- Напишан е рецептот со сотојките кои се потребни, но јас правам една мала измена која и не е толку неопходна, а се однесува на количината на маслото - секогаш ставам 1/2 чаша.
- Си направив една импровизација (нели се нешто шарено да е) така што одвоив од смесата околу 1/2 чаша во која додадов какао, истурив дел од останатата смеса, врз неа со лажица ставав одозгора така истурајки ја на купче на одредени растојанија, потоа залив со смесата која остана. Вие како сакате така направете, колачот е секако добар.
Лиценца: Сите права се задржани