До колку не сте знаеле сакам да ви кажам дека не искористените белки може да ги замрзнувате. Кога имам две три белки ги ставам во пластична чаша и ги замрзнувам. Повторно доколку ми останат ги сипувам врз предходните и замрзнувам.
Колачот кој ќе ви го презентирам има многу убава мека текстура. Убавото сунѓерасто тесто, можеби сувкасто ама пријатно. Посебен шмек му даваат сувото и кандирано овошје.
Подготовка.
1. Сувото овошје натопете го во рум. Чоколадото и оревите исецкајте ги на ситно.

2. Белките изматете ги со миксер, додадете го шеќерот и повторно матете додека не добиете цврста пена.

3. Во белките додадете го брашното и зејтинот мешајте со шпатула и на крај додадете ги оревите,чоколадата и сувото овошје.

4. Калапот намачкајте го зејтин и сипете ја смесата. Печете на 180степени половина час. Кога колачот ќе го извадите оставете го да се излади. Одлепете го со шпатула.
Сервирајте и посолете со шеќер во прав.
Забелешка.
Колачот го подготвував со три белки значи половина доза. Го печев во правоаголната силиконка тава за векни. Со сувото и кандирано овошје може да калкулирате нешто да одземете нешто да додадете. Доколку сакате ставете лешници место ореви или бадеми.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани