Овие корнишони во тегли, правени на овој начин, многу наликуваат на оние што се продаваат, а пак ако си купите ситни малечки краставички, во тој случај веќе ќе имате прва класа, домашни корнишони.

1. Корнишоните убаво ги миеме и им ги отсекуваме дршките ако ги има.
2. На дното на теглата ги ставате сите потребни состојки, а може и откако ќе ги наредите корнишоните во теглата.
3. Ги редиме корнишоните.
4. Долеваме вода во секоја тегла и убаво ги затвораме теглите.
5. Ги редиме во рерна која ја вклучуваме на температура од 100 степени и така ги оставаме час или час и половина, односно корнишоните треба да ја променат бојата.

Оваа процедура обично ја правам навечер, бидејќи е пожелно теглите по загревањето да останат во рерна додека да се изладат.
Рецептата ми е со алкохолен оцет, но сум користела и јаболков и вински (во недостаток на алкохолен), има разлика, вкусни се и така, ама најубави се со алкохолен оцет.
Шољата е од 60-70 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани