25
ное
2014
Печена риба со кисели краставички
Рибите се чистат и посолуваат од внатрешната и надворешната страна. Во секоја риба се става по едно гранче рузмарин и се редат во плех намрсен со малку масло.
Компирот се сече на покрупни коцки и се додава во плехот. Киселите краставички се сечат на поситни коцкички и се додаваат во плехот. Исто се сецка и морковот на кругчиња или коцкички.
Се додава сол и магданос.
Секоја риба се засекува на неколку места на горната страна и секој засек се полни со морков и крастајчиња.
Врз рибите се полева лимонов сок и бело вино.
Се покрива со алуминиумска фолија, се става во предходно загреана релна и се печи 1 час на 200 степени. Се вади фолијата и се печи уште 15 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови