Испечати

Печена риба со кисели краставички

Печена риба со кисели краставички

Состојки

  • 4 парчиња риба (бела, ослич) или едно поголемо парче крап
  • 5 компири
  • 10 поголеми кисели краставички од тегла
  • 4-5 моркови
  • 200 мл бело вино
  • 4 гранчиња рузмарин

Подготовка

Рибите се чистат и посолуваат од внатрешната и надворешната страна. Во секоја риба се става по едно гранче рузмарин и се редат во плех намрсен со малку масло.

Компирот се сече на покрупни коцки и се додава во плехот. Киселите краставички се сечат на поситни коцкички и се додаваат во плехот. Исто се сецка и морковот на кругчиња или коцкички.
Се додава сол и магданос.

Секоја риба се засекува на неколку места на горната страна и секој засек се полни со морков и крастајчиња.
Врз рибите се полева лимонов сок и бело вино.

Се покрива со алуминиумска фолија, се става во предходно загреана релна и се печи 1 час на 200 степени. Се вади фолијата и се печи уште 15 минути.