Кисели краставички од рерна
Овие корнишони во тегли, правени на овој начин, многу наликуваат на оние што се продаваат, а пак ако си купите ситни малечки краставички, во тој случај веќе ќе имате прва класа, домашни корнишони.
1. Корнишоните убаво ги миеме и им ги отсекуваме дршките ако ги има.
2. На дното на теглата ги ставате сите потребни состојки, а може и откако ќе ги наредите корнишоните во теглата.
3. Ги редиме корнишоните.
4. Долеваме вода во секоја тегла и убаво ги затвораме теглите.
5. Ги редиме во рерна која ја вклучуваме на температура од 100 степени и така ги оставаме час или час и половина, односно корнишоните треба да ја променат бојата.
Оваа процедура обично ја правам навечер, бидејќи е пожелно теглите по загревањето да останат во рерна додека да се изладат.
Рецептата ми е со алкохолен оцет, но сум користела и јаболков и вински (во недостаток на алкохолен), има разлика, вкусни се и така, ама најубави се со алкохолен оцет.
Шољата е од 60-70 мл.
Лиценца: Сите права се задржани
Теофанија, краставичките се одлични! Највкусни домашни кисели краставички што сум ги пробал (а сега и направила) јас! Направив две тегли за проба, ама изгледа ќе мора уште да правам оти веќе една тегла нема, а не е ни зима :) ОДЛИЧЕН РЕЦЕПТ!
Јас до сега не сум ги ставама вака сечкани како тебе, ама баш ми е суперски што постави фотографија и со ваква подготовка, па кој како милува, важно вкусот да се запази.Поздрав
Јас да ти кажам откако се изладија, една тегла како да не ми беше затворена убаво, па ја пробавме наредниот ден, супер беа краставичките. Така да можеш да пробаш, можеби нема да бидат упиени со киселина онака совршено, ама крцкави се и вкусни:)
Фала ти за овој СУПЕР рецепт! :)
http://moirecepti.mk/post/%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D1%88%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D1%88%D0%BE%D0%BD%D0%B8
Одлични се:)