Драги мои пријателки, роднини, другарки и сите љубители на убавото домашно зготвено еве ме и мене со 500ти јубилеен рецепт. Седум години сум во оваа убава бајковита приказна на Мои Рецепти и не можам, а да не кажам дека сите ние ваќе сме и зависници од оваа преубава готвачка страна. Колку и да си зафатен со животните обврски некако секојдневно се навраќам тука само да го ѕирнам менито подготвено од сите нас заедно. За овој јубилеј подготвив, како по обичај, торта и тоа една убава стара комбинација на вкусови малку под изменета. Знам дека сите се сеќавате на старото убаво и брзо касато таа е рецептата но само со некоја моја мала измена.

Подготовка
1. На почеток подготвуваме млеко и пудинг, заедно со шеќерот, на многу познатиот начин. Кремот го оставаме да се излади.

2. Путерот кој ни беше на собна температура го матиме со шеќерот во прав и го соединувме со изладениот крем. Во кремот ги ставаме бисквитите и соединуваме убаво. Овој крем го делиме на три дела. Во едниот дел ставаме сецкани желе бомбони и суво гројзе натопено со рум. Во вториот дел ставаме крем банани и две лажици нутела крем. Во третиот дел ставаме потпечени лешници.

3. Започнуваме со топење на пишкотите, претходно натопени во капучино,  кои ги редиме во плех со четвртаста форма.
4. Врз пишкотите прелеваме топена чоколада па филот со желе, па филот со крем банани и на крај филот со лешници.
5. Тортата ја оставаме во ладилник еден час, а ја прелеваме со ганаж. Украсуваме по желба

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани