Касатото на Маја (јубилеен 500 рецепт)
Состојки
- 1 л. млеко
- 6 лаж. шеќер
- 250 гр. путер
- 250 гр. шеќер во прав
- 700 гр. мелени бисквити
- 200 гр. желе бомбони
- 100 гр. суво гројзе
- 3 лаж. рум
- 3 лаж. нутела
- 15 крем банани
- 100 гр. печени лешници
- ганаш
- 200 мл. слатка павлака
- 200 гр. чоколада за готвење
- 300 мл. слатка павлака за филување (две лажици џем од боровинки за страничното филување)
- декоративни чоколадизирани лешници и суво гројзе
- 300 гр. пишкоти
- 100 гр. топена чоколада
- 3 Пудинг од ванила
Подготовка
Драги мои пријателки, роднини, другарки и сите љубители на убавото домашно зготвено еве ме и мене со 500ти јубилеен рецепт. Седум години сум во оваа убава бајковита приказна на Мои Рецепти и не можам, а да не кажам дека сите ние ваќе сме и зависници од оваа преубава готвачка страна. Колку и да си зафатен со животните обврски некако секојдневно се навраќам тука само да го ѕирнам менито подготвено од сите нас заедно. За овој јубилеј подготвив, како по обичај, торта и тоа една убава стара комбинација на вкусови малку под изменета. Знам дека сите се сеќавате на старото убаво и брзо касато таа е рецептата но само со некоја моја мала измена.
Подготовка
1. На почеток подготвуваме млеко и пудинг, заедно со шеќерот, на многу познатиот начин. Кремот го оставаме да се излади.
2. Путерот кој ни беше на собна температура го матиме со шеќерот во прав и го соединувме со изладениот крем. Во кремот ги ставаме бисквитите и соединуваме убаво. Овој крем го делиме на три дела. Во едниот дел ставаме сецкани желе бомбони и суво гројзе натопено со рум. Во вториот дел ставаме крем банани и две лажици нутела крем. Во третиот дел ставаме потпечени лешници.
3. Започнуваме со топење на пишкотите, претходно натопени во капучино, кои ги редиме во плех со четвртаста форма.
4. Врз пишкотите прелеваме топена чоколада па филот со желе, па филот со крем банани и на крај филот со лешници.
5. Тортата ја оставаме во ладилник еден час, а ја прелеваме со ганаж. Украсуваме по желба
На здравје!