Кари од свинско филе во сладок кикирики сос
Мислам дека рецепт од Таи кујна не сум пратила. Навистина е вкусно и ви предлагам да пробате.
Во голем сад со дебело дно ставете половина од кокосовото млеко. Варете го на средно силен оган, мешајки повремено додека не се згусти и почни да се одвојува од дното на тавата. Додајте ја црвената кари паста, па мешајте на истата температура додека не се соедини и замириса, 2 - 3 минути. Додајте ги ојстер сосот, шеќерот и кората од лимета. Измешајте и варете додека бојата не стани малку потемна. Постепено додавајте го преостанатото кокосово млеко, постојано мешајки додека повторно не проврие.
Додајте го месото, измешајте и нека се вари 10 - 15 мин. Додајте ги кикириките, варете уште малку сосема да се згусти, па додајте ги лутите пиперчина.
За прилогот зовријте ја посолената вода, додајте го оризот и варете 10 - 15 мин додека не биде сварен “ал денте“ или по ваша мерка. Процедете низ сито и размешајте со вилушка. Треба воопшто да не се залепени зрната.
Во чинијата за послужување ставете го оризот, направете вдлабнатина во средина и сипете од кари-то. Јајцата исечете ги на резанки, наредете ги од страна, а по вкус ставете и резанки лимета. Послужете жешко. Мене секое кари другиот ден ми има уште подобар вкус.
Лиценца: Сите права се задржани