Можеби ќе Ви се чини дека оваа пица доаѓа со чуден избор на додатоци, но кога ќе ја видите и пробате, ако првично сте биле скептични тоа бргу ќе го заборавите. Туната е многу месеста риба и заедно со слатката пченка и црвениот кромид, ова е апсолутно успешна комбинација!

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 2 мали конзерви туна
  • 2 главици кромид со средна големина
  • 2 супени лажици шеќер
  • 2 супени лажици слатка пченка
  • 1 конзерва сечкани домати
  • 250 грама брашно
  • 125 милилитри топла вода
  • чаша слатко црвено вино
  • половина кафена лажичка сол
  • 1 кафена лажичка квасец
  • 2 супени лажици маслиново масло
  • сол и бибер

Подготовка

Чекор 1: Прво ставете го квасецот и маслиновото масло во чаша топла вода и оставете го да отстои 5 минути за квасецот да се активира…

Чекор 2: Следно, просејте го брашното во голема чинија... Потоа направете дупка во средината и во неа истурете ја смесата со квасецот…

Добро измешајте додека да се спојат сите состојки… Кога со тестото ќе можете да работите, извадете ги на работната површина и почнете да го месите со раце.

Добро месете го неколку минути, а потоа вратете го во садот со брашно и покријте го за да отстои 45 минути на топло место.

Чекор 3: Време е да го направиме слаткиот кромид… Исечкајте го кромидот на кругови и ставете го во тавата... Прво малку маслиново масло, па кромидот… Потоа додадете 2 супени лажици шеќер… Оставете го кромидот да омекне и шеќерот да се растопи… Кога смесата ќе почне да добива боја, сипете една чаша слатко црвено вино. Се што треба да направиме сега е да и оставиме на топлината да го отстрани вишокот течност за во тавата да остане само лепливиот сладок кромид …

Чекор 4: Земете друга тава и во не ставете маслиново масло, а потоа и 1 конзерва сечкани домати... Зачинете со сол и бибер... Оставете ги доматите на среден оган неколку минути за вкусовите да се концентрираат… Ова подоцна ќе биде основата за пицата. Ако сакате како замена можете да ставите доматно пире.

Чекор 5: Извадете го тестото од садот и размесете го во долгнавеста правоаголна форма… Овде ја користиме новата Делимано тава за пица која е совршена за овој рецепт… Ставете малку масло во тавата и во неа ставете го и тестото.

А сега додатоците… Прво рамномерно нанесете го доматниот сос на целото тесто.

Следен ставете го слаткиот кромид...

Потоа и слатката пченка… Распоредете ја рамномерно… На крај ставете ги парчињата туната.

Чекор 6: Ставете ја во рерна загреана на 180 степени околу 18-20 минути додека тестото да стане крцкаво по рабовите…

На крај извадете ја пицата од рерна… Сервирајте ја со свежа салата, а овде ставивме и малку кисели краставички… Слатко кисел вкус!

СОВЕТ: Оваа пица обилува со вкус и боја… Туната се стврднува во текот на подготовката и има одличен вкус заедно со останатите состојки. Зошто да не ја сервирате самостојно со кремест мајонез?

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за пржење ; Касерола
Тава за пржењеКасерола