Златна торта
Мојот 300ти рецепт објавен на оваа прекрасна страна.
На почеток ќе им се заблагодарам на екипата на МоиРецепти на целиот тим НАЈДОБРИ СТЕ!!!
Не можам да не ги споменам и моите ново стекнати пријателки кои ги обожавам и се надевам дека ќе се видиме на една дивњачка вечера. Дружењето продолжува со размена на нови искуства во готвењето во кој сите ние заедно ќе дадеме придонес на задоволство на многу луѓе кои редовно не следат на МоиРецепти.
А сега да започнам со подготовката на мојата јубилејна торта.
Подготовка.
1. Во два различни сада оделете ги белките од жолчките.
Започнете со матење на белките додека не добиете густа пена. Полека една по една лажица додавајте шеќер и матете додека не добиете свиленкаст сјај или додека шеќерот убаво не се сроедини со белките. Сипете го оцетот, брашното, гризот и сецкана чоколада и полека со шпатула со лесни движења соединете ги состојките.
Во тава за печење (мојата е големата тава на делимано) со хартија за печење или само подмачкана сипете го тестото и сушете го на 150степени час и половина.
Подготовка на филот.
2. Жолчките заедно со брашното и малку млеко изматете ги рачно. Преостанатото млеко загрејте го со шеќерот додека не почне да врие. Кога ќе зоврие сипете ги жолчките и сварете густ крем.
Кремот покрите го со фолија да не фати кора и оставете го да се излади.
Путерот со шеќерот во прав изматете го па додадете го во изладениот фил со жолчки и соединете.
Филот поделете го на два дела во едниот дел ставете ги мелените ореви и сецканата чоколада. Втората половина останува иста.
3. Тестото исечете го на три еднакви дела. Врз првата кора премачкајте половина еуро-крем па нанесете го филот без ореви оставете од него за филување една третина .Ставете ја втората кора премачкајте ја со еуро-крем па нанесете го филот со ореви. Завршуваме со третото тесто и премачкуваме со филот без ореви.
Тортата ја декорирав со шлаг крема по желба може да се декорира со фондан или слатка павлака.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани
Полека ама сигурно се движиме во овој прекрасен свет на задоволство ( како во песната на Бранко коцкица се чувствувам...хахаха....кој не ја знае да си ја научи), зошто ова ни е нашето мало виртуелно царство, во кое даваме и земаме, а воедно се дружиме:)
п.с Не дека си ми сестра, ама најубави торти правиш:):):)....а јас не пробав од оваа.... :( ....или замрзна некое парче за мене...
инаку убаво ја исчитав и мислам дека е одлична:)
Tortata preubava, pozdrav :*
твојата Златна торта ни разбуди убави мисли за златни јубилеи и поводи во животот....Токму како што е и овој твој јубилеј!
Секогаш се трудиме да кажеме нешто повеќе за да го опишеме ефектот на вашето дело, кое почнува на оваа страница... Но, сакаме да веруваме дека од овде, се пренесуваат позитивни ефекти и на вас лично, и на вашите најблиски, па и воопшто на општа среќа и исполнетот во вашиот живот. Затоа што кај нас е така...
Ти благодариме на твоите прекрасни рецепти, и на твоето пријателство. Ти подаруваме Делимано Сет Смарт лонци!
Честитки!
Очекуваме уште многу златни рецепти!
Тимот на МоиРецепти
ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ другарувањето продолжува:):):)
Моирецепти , да ви кажам дека вистински ја усреќивте и јас затоа искрено и јас Ви благодарам!
А телепатијата е можеби и затоа што добро се познаваме, и иако не сме секогаш присутни со коментари, ги следиме вашите навики за готвење и желби...па пробуваме да ги исполниме, колку што можеме ;)
Ве чекаме на гости кај нас во кујна, да готвиме заедно со Фичо. Пишете ни во порака кој кога сака и кога е расположен. До следно видување!
ти понајептен златна <3
кога ве гледам колку големи јубилеи направите, ми иде да се фалам на разглас што ве знам :D :D :D :D
ти си едно големо весело СРЦИШТЕ и рецептите ти се такви, едноставни со душа :*