Рижото со златна мешавина и печурки (посно)
1. Оризот го миеме, го ставаме во тенџере со водата и малку сол, го вариме на тивок оган додека да се впие сета вода.
2. Сварениот ориз го миеме со ладна вода и го оставаме во сито да се цеди.
3. Потоа во едно тавче го ставаме ситно сечканиот кромид и сечканите свежи печурки, ставаме малку масло, сол и почнуваме да пржиме.
4. Потоа ја ставаме замрзнатата златна мешавина (грашок, морков, пченка) и продолжуваме со пржење.
5. Ставаме сув зачин и црн пипер, пржиме додека да испари водата.
6. На крај во тавчето со зеленчукот и печурките го ставаме исцедениот ориз, по потреба зачинуваме по вкус, го ставаме путерот и промешуваме да се соединат состојките.
7. Сервираме по желба (во слободна форма или јас овде употребив лимен цилиндар за оваа форма).
Одличен оброк за време на пости или за вегетаријанци, или едноставно како прилог со некое месо.