Мојот 300ти рецепт објавен на оваа прекрасна страна.
На почеток ќе им се заблагодарам на екипата на МоиРецепти на целиот тим НАЈДОБРИ СТЕ!!!
Не можам да не ги споменам и моите ново стекнати пријателки кои ги обожавам и се надевам дека ќе се видиме на една дивњачка вечера. Дружењето продолжува со размена на нови искуства во готвењето во кој сите ние заедно ќе дадеме придонес на задоволство на многу луѓе кои редовно не следат на МоиРецепти.

А сега да започнам со подготовката на мојата јубилејна торта.

Подготовка.
1. Во два различни сада оделете ги белките од жолчките.
Започнете со матење на белките додека не добиете густа пена. Полека една по една лажица додавајте шеќер и матете додека не добиете свиленкаст сјај или додека шеќерот убаво не се сроедини со белките. Сипете го оцетот, брашното, гризот и сецкана чоколада и полека со шпатула со лесни движења соединете ги состојките.
Во тава за печење (мојата е големата тава на делимано) со хартија за печење или само подмачкана сипете го тестото и сушете го на 150степени час и половина.

Подготовка на филот.
2. Жолчките заедно со брашното и малку млеко изматете ги рачно. Преостанатото млеко загрејте го со шеќерот додека не почне да врие. Кога ќе зоврие сипете ги жолчките и сварете густ крем.
Кремот покрите го со фолија да не фати кора и оставете го да се излади.

Путерот со шеќерот во прав изматете го па додадете го во изладениот фил со жолчки и соединете.
Филот поделете го на два дела во едниот дел ставете ги мелените ореви и сецканата чоколада. Втората половина останува иста.

3. Тестото исечете го на три еднакви дела. Врз првата кора премачкајте половина еуро-крем па нанесете го филот без ореви оставете од него за филување една третина .Ставете ја втората кора премачкајте ја со еуро-крем па нанесете го филот со ореви. Завршуваме со третото тесто и премачкуваме со филот без ореви.
Тортата ја декорирав со шлаг крема по желба може да се декорира со фондан или слатка павлака.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани