Зачинско месо во палента
Самото име кажува Зачинско месо. Искористете ги сите можни зачини што ги имате дома. Тие што ви се омилени ставете ги во поголема количина, тие што помалку ги сакате ставете ги во помала количина. Ви препорачувам да не ги отфрлате сосема, ептен ако имате некоја аверзија кон некој зачин. Во крајниот резултат и онака нема да фигурира некој доминантен зачин.
1. Месото исечете го на парчиња колку за еден поголем залак. Ставете го во сад или пластична кутија и додајте му ги сите зачини, сенфот и малку зејтин. Убаво измесете го со рака за да може во секое парченце да се втријат зачините и оставете го покриено во фрижидер да отстои преку ноќ.
Колку повеќе стои, толку повеќе прима од зачините. Само немојте да го чувате со денови!
2. Наредниот ден пропржете го месото само околу 5 минути, во претходно добро загреано масло.
3. Ставете ја водата на оган со солта, маргаринот и вегетата. Кога ќе биде веќе врела, но не да врие, ставете ја палентата и мешајте околу 2-3 минути. Нека не ве чуди поголемата количина на вода. Палентата треба да биде потечна од онаа что ја готвиме вообичаено, бидејќи во неа треба да се довари месото.
4. Во огноотпорен сад сипете околу 2/3 од палентата, потоа ставете го месото (целата содржина од тавата, се она што се растекло од сенфот, зачините и зејтинот) и втиснете го убаво во палентата. На крај прекријте го месото со остатокот од палентата.
5. Ставете го садот во рерна која не е претходно загреана и уклучете на 200 степени. Печете околу 80-90 минути се дури не забележите дека палентата фатила убава коричка. Потоа исклучете ја рерната и оставете го садот уште 10-тина минути внатре.
Доколку печете во метален сад и во претходно загреана рерна внимавајте на времето за печење. Сигурно би било пократко од наведеното. Јас бидејќи секогаш го печам во стаклен сад не можам со сигурност да ви кажам колку точно би изнесувало тоа.
Зачините можат да бидат во свежа форма, сушени, мелени, во семки или истолчени, исецкани.
Така на пример кимот го ставив во семки, рузмаринот свеж, но исецкан, семките од коријандер ги истолчив, кардамонот беше во прав, куминот мелен и сл.
Може да додадете и други зачини кои ги нема во мојот список. Значи буквално се што ќе ви дојде под рака.
Се надевам дека и овој мој рецепт ќе се најде на вашите трпези.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Јас летоска го смислив рецептот,ми дојде така,сакав месото да го потрошам и му наставив се,ни се допадна и еве сега по втор пат го правев и пак ми го бендисаа дома и си викам аааа ова оди на излог :):):)
Ова ми е единствен начин да каснам палента,бидејќи освен во проја во скоро ниедно друго не ја ставам
E rekov jas deka nejzin treba da e dukanot za Food Photography :)))))
И јас акам зачини ептен многу,па морав итаков рецепт да смислам.
Тресеме по некој бисер,ама и јас не порверив....тоа е