Емпанади со сладок овошен фил
Емпанадите се пециво кое потекнува од Шпанија, а најповеќе се готви и јаде во земјите на Јужна Америка. Самото име емпанада потекнува од шпански глагол кој се преведува како „замотано во леб или тесто“. За подготовка се користат разни типови брашно, различни филови, а тоа зависи од областа на живеење, секој регион си има сопствена подготовка, со сопствен фил, односно своја сопствена карактеристика на рецептот. Може да се подготвуваат со солен фил, со овошен фил, како предјадење, главно јадење, како „грицкалки“ или како ви е желба.
Да ви кажам дека овој рецепт многу ми се допаѓа, прекрасен вкусен спој во филот, убава структура на тестото, лесни за подготовка, е такви се, едноставно прекрасни.
1. Промешајте ги брашното, пецивото, шеќерот и солта па додадете го путерот исечкан на мали парчиња. Измешајте додека да се добие трошкаста смеса, можете и со миксер и со рака. Додадете ја жолчката и почнете да месите додека да се поврзе во глатко тесто, а потоа сипете ја ладната вода. Месете додека да обликувате топка која ќе ја ставите во најлонска фолија па во фрижидер на минимум ½ час.
2. Јаткастото и сувото овошје ги ставаме во сечко и ги мелеме, па ја додаваме излупената јаболката и заедно со зачините и шеќерот ги мелеме во сечкото. Филот ни е спремен.
3. Печката ја загреваме на 200 степени.
4. Тестото го вадиме од фрижидер и на брашно го развлекуваме со оклагија. Со округло калапче или со чашка вадиме кругови на кои ставаме 1-2 лажички од филот. Рабовите на круговите ги премачкуваме со изматено јајце. Преклопуваме и со помош на вилушка ги затвораме за да не излезе филот во текот на печењето.
5. Ги ставаме во тавче на хартија за печење. Ги премачкуваме со разматено јајце со млеко. Ги печеме 15-18 минути додека да добијат златно-смеѓа боја.
6. Ги посипуваме со шеќер во прав пред сервирање.
п.с Уводниот дел е краток ама се надевам дека ви ја доловив во кратки црти историјата на емпанадите.
Лиценца: Сите права се задржани