Ова е стар рецепт што се моташе во искинатиот тефтер на мајка ми, па решив да го испробам и не ја оплескав со изборот.

Со миксер се мати маста (путерот за денешните домаќинки - шала де) додека не стане пенеста и се додава шеќерот. Се мати додека да се растопи шеќерот. Се додаваат јајцата, медот, прашакот за пециво и брашното и со раце се домесува додека не се добие убаво изедначено тесто.

Како што пишува во последната сосотојка, додадов и една голема лажица од Домашен ванилин шеќер кој во себе има цимет, каранфилче и морско оревче во пишаниот размер. Ставете си вие по вкус (повеќе би му дошло по мирис. јас по мирис си ги ставам). Што и да правите, не можете да утнете.

Оргиналниот рецепт рече дека медењаците треба да се топчиња со големина на орев и да се редат во тава со хартија. Мене тоа ми беше малку монотоно, па нестручно си расукав кора со дебелина на половина сантиметар и си вадев калапчиња. Изборот на калчињата го направија Шеќерко и Младунче

Се печат на 200 степени, 20ина минути. Дел ги направив малку заруменети, а дел малку попечени и тие попечените нам ни е беа поубави . Имаа карамелкаст вкус.

Иако дозата беше голема ја снема брзо, а гостите си побараа рецепт. Е па ќе го добијат овој рецепт по мејл, како што им ги праќам вашите рецепти.

Изјавувам дека сум среќна, чаби-чварлеста и дека Шеќерко ми забрани готвење. Сме се здебелиле ко домашни животни (да не го навредувам животното кое го спомна) =))

Лиценца: Сите права се задржани