Долготрајни медењаци (со делимано калапчиња)
Ова е стар рецепт што се моташе во искинатиот тефтер на мајка ми, па решив да го испробам и не ја оплескав со изборот.
Со миксер се мати маста (путерот за денешните домаќинки - шала де) додека не стане пенеста и се додава шеќерот. Се мати додека да се растопи шеќерот. Се додаваат јајцата, медот, прашакот за пециво и брашното и со раце се домесува додека не се добие убаво изедначено тесто.
Како што пишува во последната сосотојка, додадов и една голема лажица од Домашен ванилин шеќер кој во себе има цимет, каранфилче и морско оревче во пишаниот размер. Ставете си вие по вкус (повеќе би му дошло по мирис. јас по мирис си ги ставам). Што и да правите, не можете да утнете.
Оргиналниот рецепт рече дека медењаците треба да се топчиња со големина на орев и да се редат во тава со хартија. Мене тоа ми беше малку монотоно, па нестручно си расукав кора со дебелина на половина сантиметар и си вадев калапчиња. Изборот на калчињата го направија Шеќерко и Младунче
Се печат на 200 степени, 20ина минути. Дел ги направив малку заруменети, а дел малку попечени и тие попечените нам ни е беа поубави . Имаа карамелкаст вкус.
Иако дозата беше голема ја снема брзо, а гостите си побараа рецепт. Е па ќе го добијат овој рецепт по мејл, како што им ги праќам вашите рецепти.
Изјавувам дека сум среќна, чаби-чварлеста и дека Шеќерко ми забрани готвење. Сме се здебелиле ко домашни животни (да не го навредувам животното кое го спомна) =))
Лиценца: Сите права се задржани
лудо, кај го најде овој мајски бумбар, пчелка де, шубаа е?
шеќерко ич не сака цимет и после секое спремање ми вели:
- не издржа да не ставиш, м? :) :) :) :)
благо без ванилин шеќер не ни седнувам да правам, а цимет најчесто оди со се' (барем во мојата глава) :) :) :) :)
пчелката ја ставив дека се МЕДењаци. подарок ми е од другарка ми од америка, ама ептен е глупава за работа. едвај го вадев тестото од неа. делимано калапчињата сами си знаеа што да прават, ова ....со чепкалка го туркав тестото :) :) :) :)
Пиши ни ги твоите податоци на http://moirecepti.mk/kontakt/ за да може да ја добиеш својата награда :)
Прочитај повеќе и за натпреварот за Рецепти на месецот во кој веќе си учесник со твоите Слатки коцки :)
Продолжи да ја збогатуваш оваа страница со своите убави рецепти.
МоиРецепти
јас сум едно фалбаџиско пуфле :) :) :) :)