Видов дека има доста вакви тврди колачиња на странава и искрено не видов дали и некој друг има ваков рецепт, но атер за калапчињата од делимано решив да го постирам, за да си се пофалам нормално хеххе
Овој рецепт е постар од мене и многу често беше добредојден кај нас дома

1. Го матите маргаринот и го додавате шеќерот

2. Продолжувате со матење при тоа додавајќи ги сите останати состојки освен брашното

3. Кога се убаво ќе соедините го додавате постепено и брашното и замесувате меко мазно тесто, оставете го да одмори 10-тина минути

4. Потоа со сукало развлекувате кора со дебелина од 5мм (не брашнете ја работната површина и не ја мрсете тестото не се лепи)

5. Вадете калапчиња и редете во подмачкан со масло плех или олеснете си и печете на хартија за печење на 200 степени додека не заруменат

6. Пред печење премачкајте ги со белка и посипете убаво сусам од горе (затоа и се сусамки хехе)

И толку! Брзо, едноставно, лесно ...количински излегуваат многу  и траат подолго време немаат гајле ,послужете си со кафенце или чајче и нема да можете да прекинете со јадење хехехе

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани