Тврди колачи - Сусамки (со Делимано калапчиња)
Состојки
- 250 гр маргарин
- 150 гр млеко
- 150 гр масло
- 12 г.лажици шеќер
- 1 кесичка прашок за пециво
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 2 јајца
- 1 кг брашно
Подготовка
Видов дека има доста вакви тврди колачиња на странава и искрено не видов дали и некој друг има ваков рецепт, но атер за калапчињата од делимано решив да го постирам, за да си се пофалам нормално хеххе
Овој рецепт е постар од мене и многу често беше добредојден кај нас дома
1. Го матите маргаринот и го додавате шеќерот
2. Продолжувате со матење при тоа додавајќи ги сите останати состојки освен брашното
3. Кога се убаво ќе соедините го додавате постепено и брашното и замесувате меко мазно тесто, оставете го да одмори 10-тина минути
4. Потоа со сукало развлекувате кора со дебелина од 5мм (не брашнете ја работната површина и не ја мрсете тестото не се лепи)
5. Вадете калапчиња и редете во подмачкан со масло плех или олеснете си и печете на хартија за печење на 200 степени додека не заруменат
6. Пред печење премачкајте ги со белка и посипете убаво сусам од горе (затоа и се сусамки хехе)
И толку! Брзо, едноставно, лесно ...количински излегуваат многу и траат подолго време немаат гајле ,послужете си со кафенце или чајче и нема да можете да прекинете со јадење хехехе