6
апр
2014
Витлерчиња (посно)
Прекрасна форма, а и вкус имаат овие колачиња. И што би рекла мојата пријателка Горде, од која ми е рецептот „ излегуваат многу, па затоа е добро да се прават во друштво, а и да се јадат во големо друштво“.
1. Урмите и смоквите се мелат во сечко, а може и на машина за мелење месо.
2. Се додаваат оревите, чоколадото и мармаладот и сето се меша да се изедначи смесата.
3. Се прават цилиндрични форми, како витлерчиња.
4. На краевите се става по половина лешник и потоа се валкаат во чоколадни трошки.
Лиценца: Сите права се задржани