Ова беше мојот успешен експеримент, па ај да се пофалам што чудо ми успеа без ништо да експлодира по дома.
Идејата ја добив од РЕЦЕПТОТ НА САЊА . Ми се јадеше нешто такво, ама не ми се чекаше да купам се што е потребно, па работев со тоа што го имаше дома и излезе не нормално добро.

Муслите ги мелев на машинка додека не станаа брашнасти и потоа ги додадов сите состојки(мед, таан, зејтин, ванилин шеќер, цимет, каранфилче, морско оревче) и убаво измешав со лажица. Дури ни миксер на користев вториот пат кога ги правев без белка.

Е сега, ако правите со белка, белката убаво изматете ја додека не се стврдне со ДОМАШЕН ВАНИЛИН ШЕЌЕР , а потоа додадете ги сите состојки, но мешајте со лажица, а не со миксер. Некаде прочитав дека кога цврсто изматена белка се соединува со други смеси, треба да се меша со лажица, а не со миксер за да не спласне. Не сум пробала да го игнорирам правилово.

Во случај да ја немате смесата што ја нареков домашен ванилин шеќер, од сите состојки додадете по 1/4 лажиче и цел ванилин шеќер.

Се натапкува на тава, нема потреба од масна хартија и се пече на 200 степени окулу 25 мин. Се вади и се сече на парченца, па се враќа да се допече на 150 степени уште 15 мин.

Разлика во вкусот помеѓу рецетот со белка и тој без белка речиси и да немаше, освен што тој без белка треба убаво да се олади пред да се сече, за да не се рони. Стопените мед, таан и сл. се стврднуваат кога ќе се олади и ја држат смесата компактна.

Чекам коментари и слики од вашите успешни експерименти.
Прокелтињава не дозволува смајлиња, ми вади Ч) Ч) Ч) Ч), па...ваљда до сега научивте како се смеам....чунким.

Лиценца: Сите права се задржани