Успешен посно вегански експеримент
Ова беше мојот успешен експеримент, па ај да се пофалам што чудо ми успеа без ништо да експлодира по дома.
Идејата ја добив од РЕЦЕПТОТ НА САЊА . Ми се јадеше нешто такво, ама не ми се чекаше да купам се што е потребно, па работев со тоа што го имаше дома и излезе не нормално добро.
Муслите ги мелев на машинка додека не станаа брашнасти и потоа ги додадов сите состојки(мед, таан, зејтин, ванилин шеќер, цимет, каранфилче, морско оревче) и убаво измешав со лажица. Дури ни миксер на користев вториот пат кога ги правев без белка.
Е сега, ако правите со белка, белката убаво изматете ја додека не се стврдне со ДОМАШЕН ВАНИЛИН ШЕЌЕР , а потоа додадете ги сите состојки, но мешајте со лажица, а не со миксер. Некаде прочитав дека кога цврсто изматена белка се соединува со други смеси, треба да се меша со лажица, а не со миксер за да не спласне. Не сум пробала да го игнорирам правилово.
Во случај да ја немате смесата што ја нареков домашен ванилин шеќер, од сите состојки додадете по 1/4 лажиче и цел ванилин шеќер.
Се натапкува на тава, нема потреба од масна хартија и се пече на 200 степени окулу 25 мин. Се вади и се сече на парченца, па се враќа да се допече на 150 степени уште 15 мин.
Разлика во вкусот помеѓу рецетот со белка и тој без белка речиси и да немаше, освен што тој без белка треба убаво да се олади пред да се сече, за да не се рони. Стопените мед, таан и сл. се стврднуваат кога ќе се олади и ја држат смесата компактна.
Чекам коментари и слики од вашите успешни експерименти.
Прокелтињава не дозволува смајлиња, ми вади Ч) Ч) Ч) Ч), па...ваљда до сега научивте како се смеам....чунким.
Лиценца: Сите права се задржани
милице, ова лудо, ако вели ме мрзи... то си прај детални рецепти, си мели дур до прашина составот, мене ме мрзи бисквитите да ги сомелам на машинка, во најлон со шише ги „мелам„ ...
а за гатањето, јас се најпозитивно-само и само да е задоволен муштеријата, сигурна сум дека и лудо ќе се сложи со тоа :))))
шала на страна, сите мои рецепти се брзи, ама па затоа имам време за по два три рецепти на ден :) :) :) :)
МАЈА, ма какво суво грозје ич не го сакам и само го игнорирам по рецепти, некако ми се гњави низ уста. дури ни чоколадирано не се оправа :) :) :) :)
МИС БИТОЛА, се почувствува како прваче то напишало буква А кирилица и сите го храбрат за понатака :) :) :) :)
КЛАРИШТЕ ЅВЕРИШТЕ, едвај чекам да те гледам како ги лепиш грозјенцата под маса и мислиш дека никој не те гледа :) :) :) :)
а за гатањето.....обавезно имаш СМЕЃА особа (која може да се преврти кон црна или плава во зависност од потребите), имаш пат, осмица (што и да значи тоа) .... :) :) :) :)
ДАНИ, фала. следниот пат ќе му збрчам дробени лешници, бадеми, да крцкаат. вака мелени не се знае која куќа јаде мрсно :) :) :) :)