Булгур со вегански колбаси (посно)
Чекор 1 - Во тава се става малку масло, сецкана главица кромид и сецкани ДмБио вегански колбаси на тивок оган да се запржат додека малку заруменат.
Чекор 2 - Додека се пржат кромидот и ДмБио колбасите, во врела вода се става ДмБио коцка веган супа да се подготви.
Чекор 3 - Во тавата се додава златната мешавина и булгурот и состојките се промешуваат.
Чекор 4 - Се додава дел од подготвената ДмБио супа да се залеат состојките во тавата и повремено се промешуваат додека се динстаат на умерена температура.
Чекор 5 - Се додаваат сол и куркума (по желба), постепено со мешање се додава остатокот од супата додека булгурот се свари добро и течноста да испари целосно.
Забелешка - Може да се додаде вода по потреба.
Чекор 6 - Откако малку ќе се излади булгурот со вегански колбаси, се сервира во чинија.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови