Испечати

Успешен посно вегански експеримент

Успешен посно вегански експеримент

Состојки

  • 1 голема лажица цимет, каранфилче, морско оревче, ванилин шеќер (домашна смеса)
  • 3 шољи мусли (мешавина од овес, јачмен, бадем.... )
  • 1/2 шоља таан (или путер од кикирики)
  • 1/2 шоља зејтин (или стопен путер)
  • 1 цела белка ( не мора)
  • 1/2 шоља мед
  • 1/2 шоља суво гројзе (никогаш не ставам)

Подготовка

Ова беше мојот успешен експеримент, па ај да се пофалам што чудо ми успеа без ништо да експлодира по дома.
Идејата ја добив од РЕЦЕПТОТ НА САЊА . Ми се јадеше нешто такво, ама не ми се чекаше да купам се што е потребно, па работев со тоа што го имаше дома и излезе не нормално добро.

Муслите ги мелев на машинка додека не станаа брашнасти и потоа ги додадов сите состојки(мед, таан, зејтин, ванилин шеќер, цимет, каранфилче, морско оревче) и убаво измешав со лажица. Дури ни миксер на користев вториот пат кога ги правев без белка.

Е сега, ако правите со белка, белката убаво изматете ја додека не се стврдне со ДОМАШЕН ВАНИЛИН ШЕЌЕР , а потоа додадете ги сите состојки, но мешајте со лажица, а не со миксер. Некаде прочитав дека кога цврсто изматена белка се соединува со други смеси, треба да се меша со лажица, а не со миксер за да не спласне. Не сум пробала да го игнорирам правилово.

Во случај да ја немате смесата што ја нареков домашен ванилин шеќер, од сите состојки додадете по 1/4 лажиче и цел ванилин шеќер.

Се натапкува на тава, нема потреба од масна хартија и се пече на 200 степени окулу 25 мин. Се вади и се сече на парченца, па се враќа да се допече на 150 степени уште 15 мин.

Разлика во вкусот помеѓу рецетот со белка и тој без белка речиси и да немаше, освен што тој без белка треба убаво да се олади пред да се сече, за да не се рони. Стопените мед, таан и сл. се стврднуваат кога ќе се олади и ја држат смесата компактна.

Чекам коментари и слики од вашите успешни експерименти.
Прокелтињава не дозволува смајлиња, ми вади Ч) Ч) Ч) Ч), па...ваљда до сега научивте како се смеам....чунким.