Бурек пита со спанаќ
Еве уште еден мој предлог за подготовка на вкусен доручек.
Подготовка.
1. На почеток замесуваме тесто со млака вода во средно меко тесто. Го делиме на десет топчиња(колку повеќе толку по лиснат ќе биде бурекот). Топчињата ги оставаме десетина минути да подстасаат. Секое топче тесто го сукаме со големина малку поголемо од големината тавчето (јас го печев во плех од шпорет)
2. Секоја кора ја попрскуваме со зејтин и ставаме од филот.
Фил
3. Кромидот го пропржуваме малку со зејтин. Спанаќот двапати го попаруваме со врела вода малку динстаме и ја фрламе водата. Кромидот, спанаќот, урдата и јајцата заедно ги промешуваме и посолуваме.
Првата кора оставете ја малку пошироко. Врз плехот таа кора последна ќе ја замотате по краевите и ќе го затворите бурекот.
Бурекот-питата ја печеме на 220степени премачкана со зејтин половина час или додека не добие убава боја.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани