Лесна и брза подготовка, а одличен бурек како од бурекчилница...

Најпрво го подготвуваме филот.
Спанаќот убаво исчистен, измиен и исецкан се обарува. Се цеди убаво од водата и се остава да излади.
Му се додава пасираното сирење (со вилушка) и павлаката. Се изедначува смесата.

На оган ја зовриваме водата, тргаме на страна и го додаваме маслото. Посолуваме малку.
Во намрсена тава со пречник од 28 или 30 см., започнуваме со редење на корите.
Ставаме 2 кори, чиишто краевите ќе висат нанадвор. (Од дополнителните фотографии видете го целиот начин.)Потоа ставаме 2 кори, една врз друга, насобрани колку што е тавата и меѓу нив прскаме од мешавината масло и вода.
Врз корите нанесуваме од филот, се така додека не ни заврши филот, а и корите. Најгоре се завршува со кори. Краевите што висеа ги враќаме во тавата, попрскуваме со мешавината и печеме во загреана рерна околу 45-50 мин., на 200 Ц. степени.
После печење го одпревртуваме со горниот дел, да биде одоздола, на соодветна чинија.
Додека чекаме малку да подолади, можи да се покрие со памучна кујнска крпа.
На здравје!!!
* На истиов начин може да го подготвите со фил од мелено месо и тоа-500гр. мелено месо, 1 главица кромид, зачини, 1 кисела павлака. Со јогуртче или кисело млеко, милина...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани