Бурек кифлички со спанаќ (од готови кори)
Крцкави од надвор, а кремасти и превкусни внатре.
Прво се подготвува филот. Спанаќот се сецка и во тава на оган се динста додека омекне, а потоа кратко се запржува.
Се тргнува од оган, се додава едно јајце и убаво се меша. Сирењето се ренда и се додава кај спанаќот и на крај една лажица кисела павлака за смесата да стане кремаста.
Прелив
Јајцето се разматува со вилушка и се додаваат останатите состојки.
Се земаат две кори. Втората кора со четка се мачка од преливот и потоа наизменично се сече со алатка за да се добијат 6 триаголници.
На секој триаголник се става по една лажица од филот и се витка како кифличка.
Постапката се повторува со другите 4 кори(се редат две по две). Од оваа мера ќе добиете 18 средно големи печива.
Формираните печива се редат во плех покриен со пек хартија и со четка се премачкуваат со преливот и се наросуваат со сусам.
Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути(односно додека почнат да се вцрвуваат)
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови