Бурек од тортиља со спанаќ и сирење
Ако ви се јади зелник или бурек со спанаќ и сирење, ама не ви се чека за да правите, тортиљите се идеално решение. Ем брзи, ем вкусни. За 10тина минути ќе имате готово бурече од тортиља. Тортиљите се купени, по желба може и домашни да си направите. Количината е за една.
Подготовка:
1. Спанаќот запржете го без масло колку да омекни и додадете го дробеното сирење. Запржете сосема кратко и измешајте.
2. Потоа земете ја тортиљата и засечете ја до половина. На три четвртини од тортиљата ставете го зајрето и потоа превиткајте ја како на сликата. Ставете ја во тавче да се запечи, превртете ја и премачкајте ја со путер, превртете и премачкајте ја и другата страна.
Послужете ја топла.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови