Пред да започнете со месење на тестото сувото грозје ставете го 10 мин во вода да омекне. Потоа ставете го во сад за месење.
Додајте ги и останатите состојки за тесто освен брашното. Брашното постепено додавајте го и месите додека добиете изедначено тесто. Покриено со најлонска фолија и крпа оставете го да скини додека се удвои. Некаде 2-2 ипол часа, зависно колку е топла просторијата.
Откако ќе скисне премесете го и поделетего на 12 топчина и секое размесете го во долгунеста форма. По големина печени се колку една лајбица, па ако сакате направете ги помали на повеќе топчина. Редете ги во плех со хартија или намачкан со путер, доволно разделени за премногу да не се залепат.
Оставете ги да скиснат уште 40 мин.
Премачкајте ги со разматената белка и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 мин околу 20 -25 мин. Заради шеќерот брзо потемнуваат па ако сакате кон крајот на печење покријте ги со фолија. Јас не ставив и еве се гледа каква боја имаат.
Сега спремете го шербетот. Во чаша ставете го шеќерот и водата и на оган оставете ги да зовријат сосем малку колку да се стопи шеќерот. Тргнете го и оставете го да олади.
Печените лепчиња извадете ги и одма со четче премачкајте ги со шербетот. Оставете ги да оладат и изматете ја слатката павлака.
Секое лепче одозгора по средина (вертикално) исечете го малку повеќе од половина и со шприц наполнете ги со слатката павлака. Идеални се за со кафе-млеко.
Совет
Доколку не ги употребувате сите лепчиња одеднаш, завиткајте ги во фолија и најлон и оставете ги до другиот ден или можете да ги замрзните и пред употреба да им ставите слатка павлака. Затоа не матете ја целата одеднаш.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани