Синабон (благи лепчиња со цимет)
Кој не ги пробал овие лепчиња ви советуваам да ги подготвите, убави, ароматични за љубителите на цимет.
Во просеаното брашно додајте сув квасец, шеќер и ванила. Ставете јајца, растопен путер и со топло млеко замесете тесто. Оставете го на топло место да стаса.
Стасано тесто расукајте го и врз него ставете цимет, рендано чоколадо, шеќер и суво грозје. Завиткајте го тестото во ролат. Исечете го ролатот на кругови со дебелина околу 3 см.
Наредете ги во тепсија и оставете на 15 минути да стасат.
Печете ги лепчињата во загрена рерна на 220 степени околу 35 минути.
Додека се печат направете прелив.
Во сад ставете крем сирење, слатка павлака и ванила, се' убаво измешајте. Ако не е благо додајте шеќер.
Испечените лепчиња додека се уште топли прелијте ги со прелив.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани