Тексашки лепчиња со намаз од мед и цимет
Преубави мекани лепчиња кои во комбинација со намазот од мед и цимет се совршена комбинација.
Прво го активираме квасецот-го ставаме квасецот во млаката вода и додаваме малку шеќер и брашно да се добие густа каша. Ја оставаме смесата да стои 15 тина минути додека не се направи пенаста. Потоа го додаваме растопениот и изладен путер, јајцата, брашното, солта и месиме мазно тесто. Го оставаме тестото да стои на топло 1 час или повеќе зависи од температурата во просторијата.
Го вадиме тестото на намрсена работна маса и сучиме правоаголна кора, но не многу тенка (да биде околу 1,5цм и со остар нож сечиме коцки ги редиме во намрсен плех и ги оставаме повторно околу 20-30мин.
Ги печиме во загреана рерна на 180степени околу 15 тина минути додека не поруменат. Испечените лепчиња ги премачкуваме со путер и ги покриваме со кујнска крпа.
Во меѓувреме го подготвуваме путерот. Ставаме во блендер путер на собна температура, мед, шеќер во прав и цимет и блендираме или со рачен миксер го матиме путерот, па ги додаваме другите состојки. Лепчињата дури се топли се сечат на половина и се премачкуваат со путерот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови