Се замесува тестото од сите состојки и се остава да стаса додека не го зголеми двојно волуменот. Потоа се расукува кора дебела 1.5 до 2 см. и со чаша се обликуваат крофните. Се оставаат повторно да стасаат околу 20 минути.Се пржат во загреано масло, ставени со горната страна во маслото. Се ставаат на хартија за да се впие вишокот масло и на крај се посипуваат со шеќер во прав. Бидејќи се шупливи, по желба може да се полнат со крем или џем.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови