Посниве денови кои се во тек ме натераа малку да експериментирам на тема посни печени крофнички и испадна феноменален рецепт кој безрезервно би го јаделе и кога не се пости. Вкусни се здрави, со крцкави семиња во нив, со еден збор феноменални

1. Тостерот за крофни вклучете го да се загрева додека ја подготувате смесата
2. Во тава на оган без никаква мрснотија потпечете ги кратко сончогледот и сусамот, да ја променат малку бојата
3. Во подлабок сад ставете ја газираната вода. Додајте сол и кратко промешајте да се растопи. Додадете го и маслото. Постепено додавајте во садот ленено семе, па печените сончоглед и сусам и на крај брашното промешано со пециво.
4. Убаво промешајте со лажица додека не се соединат сите состојки. Треба да добиете малку погуста смеса од стандардната за палачинки. На крај додајте ситно исецкани перца од млад кромид.
5. Ставајте од смесата во вдлабнатините од тостерот и печете околу 6 минути без да го отварате. Крофничките имаат посветла боја од стандардно, но не затоа што не се печени туку заради отсуството на јајца во нив. Ако сакате да добиете боја и малку поинаков вкус може да ставите во смесата половина лажичка зачин куркума. Така ќе се пожолтички и уште повкусни. Јас овој пат немав

По 15-тина минути ако сеуште не сте ја потрошиле смесата заради присуството на лелено семе смесата малку ќе се згусне. Ама забележав дека кога е погуста смесата поубаво нараснуваат крофничките. Ако ви е отежнато турањето на смесата во вдлабнатините само дотурете малку вода за да ја добиете првичната густина. Сеуште не сум пробала какви ќе бидат со маслинки или малку обарен спанаќ...па ако проба некој нека каже.
Уживајте

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови