5
апр
2015
Берлински вафли со житарки
Пенасто изматете ги јајцата со 2та вида шеќер.
Додадете го растопен маргаринот и потоа наизменично додавајте ги брашното измешано со пецивото и млекото.
На крај вмешајте ги житарките.
Печете ги по една полна лажичка во ваферката.
Послужете ги топли со чаша млеко. По желба полијте ги со овошен или чоколаден сируп, или поросете ги со шеќер во прав.
Лиценца: Сите права се задржани
албетина, во проспектот имаше и по некој рецепт, јас за овие основата ја зедов, а потоа со ќерката експериментиравме:) и како приметив по насловот со тие рецепти, веројатно обликот во коцка е тоа што го влечи името берлински :)
веснич, примено на знаење :) со среќа во новиот стан :*