Берлински вафли со житарки
Состојки
- 5 јајца
- 200 гр шеќер
- 2 ванилин шеќер
- 250 гр маргарин
- 500 гр брашно
- 5 гр пециво
- 400 мл млеко
- 5 грста чоко попс житарки
Подготовка
Пенасто изматете ги јајцата со 2та вида шеќер.
Додадете го растопен маргаринот и потоа наизменично додавајте ги брашното измешано со пецивото и млекото.
На крај вмешајте ги житарките.
Печете ги по една полна лажичка во ваферката.
Послужете ги топли со чаша млеко. По желба полијте ги со овошен или чоколаден сируп, или поросете ги со шеќер во прав.