Американска чоколадна пита
Најпрво замесете го тестото.
Во сад изматете ги маргаринот, шеќерот и јајцето во пенаста смеса. Додадете го брашното и пецивото. Месете со рака додека добиете мазно тесто. На набрашнета површина развлечете кора во круг, голема колку округла тава 24 см.
Кората нанесете ја во плехот намрсен со маргарин.
Убаво израмнете и подингнете малку кора нагоре. Избоцкајте го тестото со вилушка.
Ставете го да се пече во загреана рерна на 180 степени.
Печете додека почне по малку да менува боја.
Додека се пече кората направете го филот.
Стопете ја чоколадата на пареа. Додадете ја слатката павлака и убаво измешајте. Тргнете го садот од пареата.
Јајцата малку изматете ги со ванилиниот шеќер со жица.
Јајцата сипете ги во чоколадната смеса,измешајте со жица да се соедини.
Кората извадете ја од рерната.Филот сипете го на кората,вратете ја питата да се допече.
Печете на 200 степени додека стане не многу цврсто на допир.
Околу 30 мин.
Оставете да се излади, исечете парчиња и послужете со шлаг, прав шеќер одозгора или некаков прелив.
Чувајте ја во фрижидер.
Може да направите и мини пити по желба. =)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
:)
тоа се вика поделба на трудот :) :) :) :)
Морам да се пофалам дека ја правевме заедно со синот :) јас тестото, а тој беше задолжен за филот :))
Со обзир на тоа дека ја правевме касно вчера ме мрзеше миксер да вадам, па сите состојки заедно ги измесив и пак тестото си дојде супер. Единствена маана му е тоа што е мн. блага, па следниот пат ќе намалам на шеќерот :)
Филот е од мешавна црно и бело чоколадо. И тоа не смета кога немаш доволно црно :)) Ја распарчивме уште салам топла (се гледа по сликата) бидејќи беше касно да чекаме да олади или пак да преспиеме до утрото се немаше трпение :))) Вкусот иако со бело чоколадо, изнадувачки така топла делуваше како лешник да има внатре (хехе можи дека со бело беше мешана). Денес тоа што остана, оладено се уште не сум го пробала за да кажам :))
Odlicno ti ispadnala.Za sekjerot,trebase da napisam po vkus.No zaboraviv,nas ni bese taman.A za brasnoto,kaj site e razlicno,toa e do tipot na brasnoto.
Filot dobro si go iskombinirala,i jas naredniot pat kje probam taka.Moze da se sluzi i topla,no jas ja pravev prv pat i gi sledev cekorite-tamu pisese mlaka-ladna da se sluzi.
Veruvam deka topla bila povkusna.
Ubavo e koga imas pomosnik vo kujnata. :D ^_^
I fotografiite se dobri. :)))
Fala uste ednas. :D