1. Во подлабок сад се става брашното. Се додава сол и се мешаат.
2. Во брашното се додава ладен путер на малечки парченца. Со вилушка мешаме додека не изгледа како трошки.
3. Во друг сад го матиме јајцето со водата и оцетот. Го додаваме.
4. Замесуваме и тестото покриено со ќесе го ставаме во фрижидер.

5. Меѓувремено ги лупиме јаболката и сечкаме во подлабок сад.
6. Откако јаболката се исечкани ги додаваме состојките за внатрешноста и убаво промешуваме.
7. Рерната се загрева на 220 степени.

8. Го вадиме тестото и го делиме на два дела. Се сукаат зависно од тавата за печење која ќе ја користите. Мојата беше округлеста.
* Тавата само ја поминуваме со путер и наросуваме брашно за да не се лепи.
** Првата кора убаво ја залепуваме за ѕидовите на тавата и оставаме еден прст да виси (за виткањето на крај.)
9. Ги земаме јаболката и ги ставаме. Треба до горе да е полна со јаболка.
* Важно е да не ги ставаме заедно со течноста туку само јаболката.
10. Ја ставаме другата кора и ги превиткуваме краевите заедно со претходната.
11. Правиме неколку засекувања на горната кора (за да испраи течноста од јаболката која се ослободува при подготовката)
12. Се става на печење и готова е кога е заруменета и крцкава.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови