Фичо ќе подготви еден од најпопуларните рецепти на Маја, колачиња пиварки, полнети со суво овошје.

Подготовка

Чекор 1: Сувото овошје исецкајте го, потопете го во рум и оставете го да впие убаво од румот. Потоа додадете го мармаладот и мелените ореви.

Чекор 2: Во сад измешајте ги состојките за тестото. Постепено додавајте го брашното и замесете убаво тесто. Од тестото вадете мали топчиња и со оклајгија расукајте ги. Полнете ги со филот, затворете ги и редете ги во ростерот за печење.

Чекор 3: Печете на 200 степени додека не заруменат колачите.

Чекор 4: Додека се печат колачињата пригответе го шербетот. Во лонец ставете ги шеќерот и водата да провријат. Оставете да проврие 5 минути и додадете ја аромата.

Чекор 5: Колачите прелејте ги со шербетот и превртувајте ги убаво да го впијат шербетот во следните 2-3 часа.

Чекор 6: Валкајте ги колачињата во мелените ореви. Сервирајте!

СОВЕТ: Ако немате ореви за валкање, може да користите и кокос.