
Пиварки
1. Во сад за месење измешајте ги пивото и маслото и додадете го прашокот за пециво.
2. Додадете го потоа брашното и измесете. На крај додадете ги крупно мелените ореви или лешници, или мешавина од двете и уште еднаш убаво измесете.
3. Развлечете кора од тестото со дебелина 4 мм и со калапче вадете форми.
4. Печете на 190 Ц околу 10 мин. Внимавајте да останат бели, така шербетот полесно ќе се впие.
5. Свaрете го шербетот. Да врие 5 мин. Потоа печените колачи прелијте ги со топлиот шербет.
6. Повремено превртувајте ги. На крај, извалајте ги во кокос.
*Ако не смета што во составот има пиво, тогаш овие колачи би можеле да се вбројат во посни :) и како такви, во добро затворена кутија можат да се чуваат повеќе дена.
Лиценца: Сите права се задржани