1. Сите состојки убаво се мешаат, потоа се прават топчиња така што секоје топче се зема со супена лажица. Топчето малку се сплеснува со рака за да може да се стави 1 лажичка џем од малини и потоа се преклопува. На таков начин се прават сите топчиња.

2. Топчињата се редат во тавче обложено со мрсна хартија. Се печеме 20 минути на 180 степени.

3. Шербет. Во зовриената вода се додава шќерот за да се растопи.

4. Печените пиварки треба да се изладат 20- ина минути и потоа се полива со малку изладениот шербет и стојат саат време.
ПОСНО!
Пиварките се едноставни благца и навистина се вкусни. Може да се готви со било кој џем или само со ораси.

Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови